ИЗРАБОТКА НА ЛИЧНИ КНИГИ И ИЗБОР ЗА НАЈВРЕДЕН ЧИТАТЕЛ
Учениците од шесто и осмо одделение, благодарение на своите креативни идеи, со своите вредни раце, изработија лични книги. Комисијата, составена од учениците од седмо одделение, имаше тешка задача при нивното вреднување. Оваа активност беше спроведена како интерен натпревар помеѓу учениците, од страна на наставничката Мирјана Пановска.
Учениците од деветто одделение беа членови на комисијата која имаше за задача да избере највреден читател на книги за учебната 2022/2023 година. Таа диплома Ѝ прпадна на ученичката Ана Бојковска од VI одд.
Уште еднаш им честитаме на сите ученици за добиените дипломи.




РАБОТИЛНИЦА ПО ПОВОД 24 МАЈ
По повод 24 Мај – Ден на сесловенските просветители, учениците од VIII и IX одделение, со нивниот одговорен наставник Мирјана Пановска, одржаа предавање и интересна работилница, во која презентираа податоци за животот и дејноста на светите Кирил и Методиј, по чии стапки чекориме, чувајќи ја нашата словенска писменост.



СЕНКИ
На часот по природни науки, учениците од 5 одделение со својата наставничка Селма Амедоска се запознаа со сенки и големина на сенки. Тие изведоа претстава со сенки раскажувајќи ја својата омилена приказна. Навистина креативно!





ОТВОРЕН ДЕН ВО ССОУ „ДИМИТРИЈА ЧУПОВСКИ“
На 30.5.2023 год. учениците од 9 одделение од нашето училиште, присуствуваа на отворениот ден на ССОУ „Димитрија Чуповски“. На учениците им беа претставени секторите и квалификациите, кои ги нуди училиштето за продолжување на образованието за следната учебна година како и дел од бизнис-партнерите на училиштето.
ИЗРАБОТКА НА ПЕРИСКОП
Учениците од 5 одделение по предметот Природни науки реализираа работилница изработувајќи перископ со својата наставничка Селма Амедоска. Активноста беше успешна (проверивме, перископот функционира).








ОТВОРЕН ДЕН ВО ССОУ „КОЛЕ НЕДЕЛКОВСКИ“
На 16.5.2023 год. учениците од деветто одделение присуствуваа на отворениот ден во ССОУ „Коле Неделковски“. Преку прекрасни презентации и излагања на учениците и професорите, се запознаа со сите струки во училиштето и нивните социјални партнери во дуалните образовни профили.
ТЕРЕНСКА НАСТАВА (ЛИНК ЗА ВИДЕО)
На 12 и 13 Мај учениците од 6 до 9 одделение од нашето училиште реализираа теренска настава со одговорните наставници во Ореше, село сместено на падините на Козјак. Учениците ја споија теоријата со праксата, се вклучија во акцијата GENERALKA WEEKEND (акција за расчистување и разубавување на просторот), ја продлабочија смислата за убаво, љубов кон природата, природните убавини, природните и културно – историските споменици, се негуваше другарството, хуманоста. Прекрасно искуство!


РАБОТИЛНИЦА – НАЦИОНАЛНИ ПАРКОВИ
ЗАБАВА и НАТПРЕВАР
Во договор со членовите на училишниот парламент и со помош на одговорната наставничка, Мирјана Пановска, се реализираше работилница со наслов: „Забава и натпревар“. Учениците меѓусебе се договорија која друштвена игра ќе ја играат и со кого ќе натпреваруваат. Активноста предизвика забава, смеа и натпреварувачки дух кај учесниците и сите се согласија вакви активности да се организираат почесто.






ПОСЕТА НА ТЕАТАР
Ученици, од нашето училиште, на 28.4.2023 год. со големо внимание ја следеа театарската претстава „Самооткажаните“, во изведба на ученици од СОУ „Гимназија Кочо Рацин“ – Велес, по повод 120 години од Солунските атентатори и истата ја наградија со громогласен аплауз, збогатувајќи ги своите знаења за Гемиџиите и воочувајќи ја нивната голема љубов кон својата татковина.




„ЏИНче“ – ТЕАТАРСКА ПРЕТСТАВА ЗА ДЕЦА
Денес, 24 Април во Театарот „Јордан Хаџи Константинов Џинот“, учениците од одделенска настава присуствуваа на театрската претстава за деца со сенки и Џин кој е избркан од нивниот свет. Претставата е работена по мотиви од книгата „Најдобриот џин во градот“ од Џулија Доналдсон. Учениците следеа една авантура низ градот на сладоледите, пловеа со еден чуден капетан, и се дружеа со една откачена Лисица-Мисица. Прекрасно доживување!






ВЕЛИГДЕНСКИ РАБОТИЛНИЦИ
По повод Велигденските празници, учениците од одделенска настава реализираа Велигденски работилници на кои се изработуваа велигденски украси и се украсуваа Велигденски јајца. Свој придонес дадоа и младите јазичари по германски јазик од 7 одд. (Сујаклари) и 9 одд. (Иванковци), изработувајќи честитки на германски јазик. Учениците ја покажаа уште еднаш својата креативност во весела и пријатна атмосфера. ЧЕСТИТИ ПРАЗНИЦИ!
1 АПРИЛ – ДЕН НА ШЕГАТА
Лав, Бетмен, Спајдермен, Супермен, пчелка, слон, принцеза, војник, беа дел од маските на нашите ученици по повод Денот на шегата.

















СВЕЧЕНОСТ ПО ПОВОД ДЕНОТ НА УЧИЛИШТЕТО
Денес, 30.3.2023 год. во салата на Општина Велес, пред присутните родители, ученици, наставници и претставници на Општина Велес и училиштата, се одржа свеченост по повод Денот на училиштето. Учениците ги претставија своите реализирани активности, и програма на тема: „Нашите необични патувања – наши доживувања“












СПОРТСКИ АКТИВНОСТИ
По повод Денот на училиштето, беа организирани спортски активности во игри во полигони, фудбал, шах и пикадо. Беа опфатени сите ученици од прво до деветто одделение. За организацијата се погрижија наставниците по физичко и здравствено образование Катеринчо Груев и Кристијан Пешов



















РАБОТИЛНИЦА ТАНГРАМ
Танграмот е сложувалка создадена во Кина за време на династијата Сонг, 960-1279 год., а нејзината почетна фигура е квадрат кој на точно одреден начин е исечен на седум делчиња. Основната нејзина цел е составување фигури од сите седум делчиња без нивно преклопување. Оваа активност, беше реализирана од наставничката Андријана Кариланова со учениците од седмо одделение по повод Денот на училиштето.






ВО ЧЕСТ НА ПАТРОНОТ



По повод Денот на училиштето, пред спомен обележјето на нашиот патрон Стојан Бурчевски Буридан во населба Речани, беше положено свежо цвеќе од наставниците и Директорот на училиштето, како и од делегација на Општина Велес. Се одржа и читање за неговиот живот и дело.
21 Февруари – Меѓународен ден на мајчиниот јазик
По повод 21 Февруари – Меѓународниот ден на мајчиниот јазик, учениците од IX одделение, со нивниот одговорен наставник, Мирјана Пановска, одржаа предавање во кое презентираа и цитати од познати македонски културни дејци, а учениците од VIII одделение читаа литература на/за мајчиниот јазик, пред учениците од VI и VII одделение. Активностите беа спроведени со цел сите да го негуваме мајчиниот јазик, како завет од прадедовците.




7.2.2023 ЈОНИ И ЈОНСКА ВРСКА
Наставничка по хемија Андријана Сарагиновска со учениците од централното училиште одржаа една интересна работилница под наслов: „Јони и Јонска врска“. Учениците самостојно ги направија изработките и покажаа голем интрес за самата активност.




НЕДЕЛА НА ИНФОРМАТИКАТА 6 – 10 ФЕВРУАРИ
Во рамките на Недела на информатиката во нашето училиште се реализираа активности (Кодирај го своето име, графички слики, кодирање преку игра и соба за бегство) Во активностите учествуваа ученици од 6 до 9 одделение. Низ игра, тие навлегоа во тајните на информатиката и кодирањето.
Во нашето училиште се реализираше креативна работилница, со цел да се изработат новогодишни честитки, на кои учениците од предметна настава, напишаа искрени новогодишни пораки до сите, посакувувајќи им Среќна Нова 2023 година, со одговорниот наставник Мирјана Пановска. Од изработените честитки, преку интерен натпревар се избраа најубавите и за истите се доделија дипломи.




Одржани интересни работилници од страна на учениците од предметна настава од централното училиште во с. Иванковци, во организација на активите по општестевни и природни науки. Како активности беа проследени: Изготвување на Божиќни колачи, решавање на математички задачи, лотарија и квиз со доделување на награди за учениците



На ден 22 и 23.12.2022 година со учениците од 9-то одделение од централното училиште во Иванковци и П.У Сујаклари е организирана една интересна работилница „Истражуваме, микроскопираме“ од страна на наставничката по биологија Селма Амедоска на тема: Растителни и животински клетки.



Посета на нашите ученици на 52-от Фестивал на детска песна „Златно славејче 2022“




ИЗРАЗИ БЛАГОДАРНОСТ






Во периодот од 23 11- 25 11 2022 година во централното и подрачните училишта со учениците од одделенска настава се реализираше работилницата „Изрази благодарност“ во организација на наставничката по англиски јазик Евгенија Стојанова Јорданов.
МЕСЕЦ НА КНИГАТА 15.10 – 15.11. 2022
Одбележувањето на месецот на книгата во нашето училиште заврши со едукативната активност на тема: „Што прочитав во летниот распуст – Прочитај и ти!“, која е дел од проектот „Заедничка грижа за правилно насочување на учениците“.
Учениците од предметна настава, претставија по една книга, лектира, која ја прочитале во летниот распуст и истата им ја предложија како интересна и корисна на останатите соученици. Во активноста беа вклучени и родителите, со чија помош се изработи постер плакат, заедно со одговорната наставничка по Македонски јазик, Мирјана Пановска.
Целта на оваа активност е да се развие интерес и љубов кон читање книги и да се зголеми бројот на читатели во нашето училиште.


















