Искрена почит и голема благодарност на АДИЕНТ СЕАТИН ШТИП за нивната несебична донација на компјутери. Оваа поддршка претставува значаен придонес за нашата работа и ќе овозможи подобри услови во наставата, пристап до современи технологии и развој на дигитални и технички вештини. Вашата донација не е само материјална помош – таа е инвестиција во иднината.

Ви благодариме што покажавте општествена одговорност и што сте пример за тоа како компаниите можат да придонесат за општо добро. #AdientTeam
Благодарност до семејството Коцевски и АГРО АНА-ДАМЈАН ДООЕЛ од Сојаклари на донацијата за учениците по повод Новогодишните празници



Во ООУ „Стојан Бурчевски Буридан“ – Иванковци, како и во подрачните училишта во Сојаклари и Отовица, сите училници се опремени со смарт-интерактивни табли, проектори и компјутери. Со оваа современата технологија се подобрува наставниот процес, се користат модерни дигитални алатки и интерактивни техники што овозможува поинтересна и поефективна настава. Наставниците добија 22 нови лаптопи, со што се олеснува подготовката и реализацијата на наставните активности. Со овие чекори, училиштето го унапредува образовниот процес и создава средина во која учениците учат со задоволство и мотивација.





СРЕЌНА И УСПЕШНА УЧЕБНА 2025-2026 ГОДИНА


НАГРАДЕНИ УЧЕНИЦИ НА КОНКУРСОТ РАСПИШАН ПО ПОВОД ДЕНОТ НА УЧИЛИШТЕТО 2025


КОНКУРС ПО ПОВОД ОДБЕЛЕЖУВАЊЕ НА ДЕНОТ НА УЧИЛИШТЕТО 2025
16.3.2025 – Учениците од ООУ ,,Стојан Бурчевски Буридан” оддадоа почит на жртвите во пожарот во Кочани. По едноминутниот молк, се изработи кутија на жалост, со емоции искажани на пораки за овој немил и тажен настан, изразувајќи сочувство до фамилиите на починатите и упатувајќи желби за побрзо оздравување на повредените. Главната порака која ја упатија е ,,Никогаш да не се повтори ваква трагедија”. Почивајте во мир!




Денес, 27.12.2024 год. претставници од нашето училиште донираа новогодишни пакетчиња и едукативен материјал за дечињата од Детското одделение при ЈЗО Општа болница Велес. Средствата за новогодишните пакетчиња беа собрани преку претходно организирани креативни работилници и продажен базар. Оваа акција не само што донесе радост на лицата на децата, туку и покажа дека со заеднички труд можеме да направиме промена и да внесеме топлина во срцата на оние на кои им е најпотребна. Им пренесовме желби за брзо оздравување и дочек на Новата година во домашна атмосфера. Благодарност до персоналот на одделението за топлото добредојде!


Здружението на пензионери, денес 26.12.2024 година, ги посети подрачните училишта во Отовица, Сујаклари и Мамутчево и на сите ученици од одделенска настава им подари Новогодишни пакетчиња. Им посакаа добро здравје и среќа, и да ги слушаат родителите и наставниците.


Обезбедени се нови лектирни изданија, и голем број наставни средства и помагала за изведување на квалитетна настава





НАГРАДЕНИ УЧЕНИЦИ НА КОНКУРСОТ РАСПИШАН ПО ПОВОД ДЕНОТ НА УЧИЛИШТЕТО 2024
КОНКУРС ПО ПОВОД ОДБЕЛЕЖУВАЊЕ НА ДЕНОТ НА УЧИЛИШТЕТО 2024
Голема благодарност од учениците и вработените од нашето училиште за донираната информатичка опрема (смарт табли, лаптопи, проектори) од АЛАЈАНС УАН МАКЕДОНИЈА АД од Кавадарци. Оваа донација овозможува полесно и квалитетно реализирање на наставните содржини, убава работна атмосфера и задоволството кај учениците.




СРЕЌНА И УСПЕШНА УЧЕБНА ГОДИНА!

ИЗВЕСТУВАЊЕ ЗА ЗАПИШУВАЊЕ УЧЕНИЦИ ВО ПРВО ОДДЕЛЕНИЕ ЗА УЧЕБНАТА 2023/2024 ГОД.
НАГРАДЕНИ УЧЕНИЦИ НА РАСПИШАНИОТ КОНКУРС ПО ПОВОД ДЕНОТ НА УЧИЛИШТЕТО
КОНКУРС ПО ПОВОД ДЕНОТ НА УЧИЛИШТЕТО 2023

МЕСТОПОЛЖБА НА УЧИЛИШТЕТО

