Денес, учениците од одделенска настава имаа можност за интересна и едукативна посета на неколку значајни институции и компании во нашиот град. Го посетивме Градоначалникот на Општина Велес, Полициската станица и Фабриката ПИ Кристал 1923 АД Велес. Учениците се запознаа со работата и одговорностите на локалната самоуправа, улогата на полицијата во одржувањето на безбедноста, и на крај процесот на производство во фабриката. Преку разговори, демонстрации и непосредно набљудување, тие стекнаа нови знаења и драгоцени искуства. Им благодариме на сите домаќини за топлиот прием, издвоеното време и подготвеноста да ги доближат своите професии до најмладите.



