Ученици и наставници од нашето училиште учествуваа на ВЕЛИГДЕНСКИОТ БАЗАР, организиран од Општина Велес. Штандот нудеше рачно изработени украси, уникатни подароци и традиционални велигденски мотиви, кои привлекоа внимание кај посетителите. Горди сме што преку оваа иницијатива го истакнавме талентот и трудот на нашите ученици и наставници, придонесувајќи кон празничната атмосфера и заедничкиот дух.