ОДБЕЛЕЖУВАЊЕ НА ДЕНОТ НА ПРОЛЕТТА и ДЕНОВИ НА ЕКОЛОГИЈАТА

ПОСЕТА НА БАБУНА

Нашите ученици активно се вклучија во одбележувањето на 21 Март – Ден на пролетта и Ден на екологијата, преку изработка на еко пораки, засадување садници (донација од ЈКП „Дервен“ од Велес) и чистење на училишните дворови и блиската околина. Тие порачаа: да ја чуваме природата, да се грижиме за околината, да засадуваме почесто садници и да ја развиваме еколошката свест. Во рамките на овие активности беше одбележан и Денот на шумите и Денот на водата.

ОДБЕЛЕЖУВАЊЕ НА ДЕНОТ НА ШУМИТЕ 21.3.2023

Светски ден на шумарството или Меѓународниот ден на шумите се слави насекаде низ светот секоја година на 21 Март на меѓународно ниво, со цел да се зголеми јавната свест меѓу заедниците за вредностите, значењето и придонесот на шумите за да се балансира животниот циклус на земјата. Го одбележаа и нашите ученици со прошетка во шумата во околината на Иванковци.


ОДБЕЛЕЖУВАЊЕ НА ДЕНОТ НА ВОДАТА 22.3.2023

22 Март, од 1993-та со одлука на ООН се одбележува како Светски ден на водата. Во одбележувањето се вклучија и нашите ученици во ликовната работилница под менторство на наставничката по ликовно образованиеТања Милошева. Заедничка порака: „Да ја вреднуваме и цениме водата“


23.2.2023 ЕКОЛОШКА АКЦИЈА ЗА ЧИСТЕЊЕ НА УЧИЛИШНИТЕ ДВОРОВИ

22.9.2022 – ДЕН БЕЗ АВТОМОБИЛИ

По повод светскиот ден без автомобили, во нашето училиште се реализираа активности за одбележување на овој ден. Учениците решаваа повеќенасочници со делови од велосипедот, дизајнираа маица, а исто така ги искажаа и своите вештини во возење велосипедДенот без автомобили е ден кога цел свет го слави здравиот транспорт во  едно населено место, кон кој треба да се стремиме сите

Во нашето училиште, Тимот на Вело Училишта  реализираше  едукативна, вело работилница на тема велосипедизам.
За време на работилницата се работеа вежбите „М проверка“ на велосипед, правилна употреба на велосипедска опрема, вежба „цик цак“, минување меѓу конуси и бавна трка.