Во пресрет на Велигден, на иницијатива на наставниците од одделенска настава во централното училиште во Иванковци, , родителите несебично донираа домашно приготвена храна за продажен штанд. Оваа акција ги обедини семејствата и заедницата преку традиционална храна, а собраните средства ќе бидат наменети за потребите во училиштето. Овој заеднички чин на грижа и ангажман, преку кој се негува културното наследство, покажува дека со малку љубов и поддршка, можеме да создадеме голема промена!










