По повод 21 Февруари – Меѓународниот ден на мајчиниот јазик, учениците од предметна настава, имаа предавање од страна на нивниот одговорен наставник, Мирјана Пановска, а потоа активно се вклучија во креативната работилница и интересниот квиз, одговарајќи ги прашањата, поврзани со автори, кои твореле и творат на македонски јазик. Активностите беа спроведени со цел да го негуваат мајчиниот јазик, кој треба да го пренесуваат, како нешто најсвето, од поколение на поколение, испраќајќи јасна порака за неговата важност, преку негово чување и правилна употреба.







