По повод 21 Февруари – Меѓународниот ден на мајчиниот јазик, учениците од предметна настава, имаа предавање од страна на нивниот одговорен наставник, Мирјана Пановска. Потоа, дел од учениците активно се вклучија во креативната работилница, изработувајќи постер плакат за правописни правила. Дел од нив, се натпреваруваа, одговарајќи прашања од интересниот квиз, поврзани со примената на правописните правила. Активностите беа спроведени со цел да внимаваме на правилната употреба на македонскиот стандарден јазик, кој е непресушен, вечен извор и кој треба да го чуваме ,,како тланикот на огништето”.