Денес, учениците од шесто одделение, заедно со нивните одделенски раководители и директорот, пешачеа до родната куќа на познатиот велешки поет, Кочо Рацин. Преку оваа активност, учениците се запознаа со неговиот живот и неговото дело и ја разгледаа специфичната велешка архитектура на неговата родна куќа. Со ова рекреативно пешачење се постигна целта на Европската недела на мобилност – формирање на здрави животни навики, чиста животна средина, побезбеден сообраќај и поддршка на алтернативните форми на мобилност. Учениците од сите основни и средни училишта во Велес, имаа можност, преку разговор да ги разменат своите идеи за поддршка на алтернативните форми на мобилност, како возењето велосипед и пешачењето, заедно со амбасадорите на Кина, Словенија, Казакстан, заменик амбасадорот на ЕУ, младите евроамбасадори, како и со претставниците на Народен музеј и на општина Велес
