Во рамки на Европската недела на мобилност (16 -22.септември), ученици од одделенска настава се вклучија со креативни и едукативни активности кои промовираат здрав и еколошки начин на движење. Тие изработија постери на тема „Зошто е добро да возиш велосипед?“, преку кои ги истакнаа придобивките од велосипедизмот за здравјето, животната средина и секојдневниот живот, а решија и повеќенасочник- велосипедска облека, со пораки за безбедност и одржлива мобилност.





