По повод Европскиот ден на јазиците, Локалната библиотека „Гоце Делчев“ од Велес, организираше настан, на кој учествуваа и ученици од нашето училиште, кои настапија со свои активности, промовирајќи ги јазиците, кои ги изучуваат на училиште. На крај, сите ученици, од сите основни и средни училишта во градот, заедно, изработија постер, на кој зборот ,,мир”, го запишаа на неколку европски јазици и сите заедно ја испратија пораката да се изучуваат странски јазици, затоа што КОЛКУ ЈАЗИЦИ ЗНАЕШ, ЗА ТОЛКУ ЛУЃЕ ВРЕДИШ!





