Денес, 27.11.2023 година, се пошумуваше локацијата Бела Вода, во близина на месноста Кула од автопатот Велес-Скопје. Во масовната еколошка акција „Сончева гора“ се засадуваа садници од багрем, јасен и јавор. Кон акцијата се приклучија и наши ученици од IX одделение со одговорните наставници Катеринчо Груев и Марија Унчевска Димова.
Да придонесеме за зголемување на шумскиот фонд!