10.3.2022



По повод Денот на училиштето, ООУ „Васил Главинов“, распиша награден конкурс на тема: „Моето училиште“. Со своја презентација учествуваа ученичките: Ања Димовска, Симона Бојковска и Памела Величковска од VIII одд. и го освоија второто место, под менторство на наставничката Мирјана Пановска. Ученикот Петар Филиповски од IX одд., освои трето место, под менторство на наставничката Весна Христовска.
На учениците и менторите им посакуваме уште многу успеси!
