КРЕАТИВНО, ДИНАМИЧНО, ЗАБАВНО!
Ученици од нашето училиште (Михаела, Ана, Валерија и Ива)со наставничката по математика Андријана Кариланова учествуваа во математичките игри „Математиката е игра каде поимите се правила, а броевите се играчи” организирани од Здружението на математичари – Велес. Игрите беа во рамките на кампањата „Денови на донирање” спроведена од Конект – Скопје.