Oдбележувањето на месецот на книгата (15.X до 15.XI)во нашето училиште започна со читање и творење мудри мисли за книгата, а заврши со едукативната активност на тема: „Јас предложувам книга – прочитај ја ти!“, која е дел од проектот „Заедничка грижа за правилно насочување на учениците“. Во текот на оваа активност, учениците од предметна настава, претставија по една книга, лектира, која ја прочитале во летниот распуст и истата им ја предложија, како интересна и корисна на останатите соученици. Во активноста беа вклучени и родителите, со чија помош се изработи хамер, преку кој ја претставија лектирата „Хајди“ од Јохана Шпири. Одговорен наставник за активностите беше наставничката по Македонски јазик, Мирјана Пановска. Целта на овие две активности е да се развие интерес и љубов кон читање книги и да се зголеми бројот на читатели во нашето училиште.





