Ученичката Ана Бојковска од осмо одделение и ученикот Иво Богдановиќ од деветто одделение се стекнаа со пофалница за учество во натпреварот за најдобар рецитатор, кој е една од активностите, со кои се одбележува Денот на училиштето „Васил Главинов“ од Велес. Тие ги рецитираа песните: „Печал“ од Кочо Рацин и „Глас од Македонија“ од Коле Неделковски, под менторство на наставничката Мирјана Пановска. Честитки и им посакуваме поголеми успеси во иднина!