Учениците од деветто одделение, на 14 мај 2024 година, присуствуваа на Отворениот ден, организиран од страна на ДСУ РЦСОО ,,Коле Неделковски”, под мотото: ,,Да создадеме заедно иднина”. Преку занимливи презентации и излагања, од учениците и професорите, деветтодделенците, се запознаа со струките и со образовните профили во училиштето, како и со неговите социјални партнери, во дуалните образовни профили.