Денес 9.6.2023 год. учениците од одделенска настава имаа можност да го посетат згрижувалиштето на елени и срни на Ловното друштво „РУЕН“ од Велес. Тоа се наоѓа во блиската околина на училиштето и во моментов има 2 елена и 5 срни. Благодарност до Јовица Китановски кој се грижи за овие прекрасни животни и ни го овозможи ова другарување со нив.
