По повод Светскиот ден на храната, под мото „Водата е живот, водата е храна“, учениците од седмо одделение имаа предавање, кое го организираше наставничката по Биологија, Андријана Сарагиновска. Учениците, преку презентација, се стекнаа со бројни информации за здравата храна, богата со витамини, протеини и минерали и за значењето на водата. Активноста ја продолжија со декорација на зеленчук и овошје и работилница „Здрава наспроти нездрава храна“со помош на наставничките по Вештини на живеење, Мирјана Пановска и Маја Стојанова. На крај, зеленчукот и овошјето го поделија со сите ученици, со цел да се прошири идејата за здрав начин на исхрана.















