Овогодинашниот Светски ден на храната се одбележува под мотото: „Рака за рака за подобра храна и подобра иднина“. Денес (16.10.2025 год) учениците со понуденото сезонско овошје учествуваа во работилница за подготовка на смути и свежи сокови. Активноста беше проследена со презентација од наставничката Марија Димова за важноста на здравата исхрана, локалните производи и одржливите навики. Здраво, едукативно и вкусно!




