Осми декември се одбележува како Ден на Свети Климент Охридски Чудотворец, најпознатиот ученик на браќата Кирил и Методиј, голема фигура во христијанството и во просветителството. По тој повод учениците од 7 и 8 одделение од ПУ во Сујаклари, заедно со наставничката по македонски јазик Маја Стојанова преку презентација ги запознаа останатите ученици за животот и дејноста на Климент Охридски.