По повод 11 Октомври – Денот на народното востание, наставникот по историја Александар Ѓорѓиевски реализираше предавање пред учениците, нагласувајќи ја важноста и значењето на овој ден“ Исто така делегација од нашето училиште, положи цвеќе пред споменикот на загинатите борци од НОБ во Спомен Костурницата, заедно со други делегации, претставници од институции и здруженија на граѓани на Општина Велес.



