Денес во нашето училиште под мотото „Право на храна за подобар живот и подобра иднина: Никој да не биде изоставен“, се одбележа Светскиот ден на храната. Учениците преку презентација се запознаа со целта на овој ден: промовирање на глобалната свест и акција за оние кои страдаат од глад и потребата за обезбедување здрава исхрана за сите. Како активност учениците решаваа осумнасочник изготвен од наставничката Андријана Сарагиновска.





