Нашите ученици активно се вклучија во одбележувањето на 21 Март – Ден на пролетта и Ден на екологијата, преку изработка на еко пораки, засадување садници (донација од ЈКП „Дервен“ од Велес) и чистење на училишните дворови и блиската околина. Тие порачаа: да ја чуваме природата, да се грижиме за околината, да засадуваме почесто садници и да ја развиваме еколошката свест. Во рамките на овие активности се одбележаа и Денот на шумите (прошетка во блиската шума) и Денот на водата (работилница по ликовно образование)