На 3.3.2023 година во организација на Сојузот на училишен спорт, во просториите на ССОУ „Коле Неделковски“ се одржа шаховски натпревар за основните и средните училишта. Од нашето училиште се натпреваруваа 13 ученика (Стефан Пановски, Јана Арсовска, Дамјан Стеванов, Леон Николовски, Виктор Анчев, Давид Богдановиќ, Ангелче Миланов, Андреј Антиќ, Иво Богдановиќ, Иван Мијодраговиќ, Петар Велковски, Бојан Јакимовски, Дамјан Стојчевски. Најдобар успех во конкуренција до 5 одд. постигна Дамјан Стојчевски кој се пласира на 11 место во конкуренција на 80 ученика. Од 6 до 9 одделение најдобро се пласира Иво Богдановиќ на 14 место во конкуренција на 80 ученика. Честитки за учениците и организаторите директорот Трајче Недев и Стојан Петкашинов.








