На 9 -ти април во Велес, во организација на СЗТКМ – Народна техника на РСМ се одржа 60 Државен натпревар за млади техничари и природници со поддршка од Министерството за образование и наука на РСМ. Домаќин на натпреварот беше ССОУ „Коле Неделковски“ од Велес. На натпреварот зедоа учество и пет наши ученици во различни области (Симона Бојковска – Астрономија, Димитар Спасовски – Астронаутика, Иво Богдановиќ – Агротехника, Памела Величковска – Метеорологија и Андреј Антиќ – Фототехника) Ученикот Андреј Антиќ освои златен медал, а Памела Величковска бронза. Честитки за учениците и нивниот ментор Весна Христовска.