По повод 8 Март – Меѓународниот ден на жената, Клубот на писатели „Коста Солев Рацин“ – Велес и Локалната библиотека „Гоце Делчев“, распишаа конкурс на тема: „Мајка“, на кој со своја поетска творба, учествуваше нашата ученичка, Ања Димовска од IX одд. и освои трета награда, под менторство на наставничката Мирјана Пановска. Ѝ честитаме и посакуваме уште успеси во иднина!