Денес, 28.3.2023 год. се одржа квиз на знаење како дел од активностите по повод Патрониот празник на училиштето. Пријавените ученици од VI до IX одд. формираа три тима кои успешно го демонстрираа своето знаење од различни области по различни предмети. Одговараа на прашања со понудени одговори, играа спојувалка, асоцијација. Прекрасна активност во која учениците учеа и се забавуваа. Честитки за учениците за покажаните знаења, благодарност до наставниците за организацијата на квизот.

















