
Ученикот од нашето училиште, Ангелче Миланов од шесто одделение, учествуваше со своја поетска творба на слободна тема, под менторство на наставничката Мирјана Пановска, на распишаниот конкурс од страна на Здружението за наука, култура и литература „Златно Перо“- Битола и како награда ја доби книгата „Животот е бајка 2“, во која се наоѓа и неговата песничка.
Им честитаме на ученикот и на менторот и им посакуваме уште многу успеси!
