
По повод одбележување на 80 години од депортацијата на македонските Евреи во логорот на смртта Треблинка, Фондот на холокаустот и Еврејската заедница распишаа конкурс, на кој учествуваше нашата ученичка Ања Димовска од IX одд. добивајќи благодарница за учеството, под менторство на наставничката Мирјана Пановска. Честитки и им посакуваме уште многу успеси во иднина!
