Ученичката од нашето училиште, Ања Димовска од деветто одделение, освои диплома за најдобра литературна творба на литературниот конкурс со тема: „Моја инвестиција – полисата за осигурување, распишан од Агенција за супервизија за осигурување, под менторство на наставничката по македонски јазик, Мирјана Пановска.Исто така, Ања Димовска од 128 литературни творби на конкурсот на тема „За денарот твориме, за денарот славиме: 30 години од воведувањето на македонскиот денар беше меѓу трите најдобри.  

На литературниот конкурс, распишан од страна на Клуб на писатели „Коста Солев Рацин“ од Велес, на тема: „Со љубов во новата година“,  ученичката Ања Димовска  освои трета награда. По повод Денот на училиштето и одбележување на 165 години гимназиско образование во нашиот град, СОУ Гимназија „Кочо Рацин“ распиша литературен конкурс на тема: „Болката и љубовта во поетското творештво на безвремениот Рацин“ за учениците од деветто одделение каде нашата ученичка Ања Димовска  со своја поетска творба ја освои првата награда,

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *