Предавање на тема: „Примената на мобилните телефони во училиште“

Во договор со членовите на училишниот парламент, во нашето училиште се реализираше предавање со презентација, на тема: „Примената на мобилните телефони во училиште“, од страна на претседателот на ученичкиот парламент, Филип Стојменовски, со помош на одговорната наставничка, Мирјана Пановска. На почетокот се отвори дискусија околу прашањата: Дали е во ред мобилните телефони да се користат во наставата? Кои се позитивните ефекти за подобрување на процесот на учење, а кои се негативните ефекти во процесот на учење, доколку се носат и користат мобилните телефони во училиште? Учениците ги искажаа своите размислувања околу овие прашања и сите заклучија дека со паметните телефони може да се дојде побрзо до одредени информации, но со нив се намалува нивната концентрација и фокус, ограничувајќи ја и нивната социјализација за време на одморите. По предавањето, учениците имаа можност да кажат свои размислувања за начинот на ограничување на мобилните телефони во училиште и за време на настава.

Главната цел на оваа активност е да се разбере дека мобилните телефони претставуваат сериозен одвлекувач на вниманието на учениците, оневозможувајќи им да ги следат предавањата и активностите и дека за време на одморите, учениците треба да си разговараат едни со други, со цел да се одржи нивното другарство.