Интерен натпревар за избор на највпечатлива новогодишна презентација
Учениците од предметна настава, својата креативност и умешност во изработка на презентација, ја искажаа со нивното учество на интерниот натпревар, во кој се избираше највпечатлива новогодишна презентација. Сите презентации беа интересни и богати со занимливи податоци, поврзани со дочекот на Нова година и, како резултат на тоа, комисијата имаше тешка задача. Сепак, за највпечатлива новогодишна презентација беше избрана презентацијата на шестто одделение. Учениците, во своите презентации, на сите ни посакаа СРЕЌНА НОВА 2024 ГОДИНА!







