Денес во нашата училница пролета една новогодишна виулица. Виулицата се состоеше од дрвени боички, водени и темперни бои, фломастери, касички, ташнички и што уште не… и се викаше НОВОГОДИШНА ЛОТАРИЈА. Во текот на старата година сите бевме умни и добри и затоа заслуживме подароци вредни. Со насмеани лица и очиња среќни, на сите ви посакуваме СРЕЌНА НОВА ГОДИНА!