Нашите ученици од прво одделение добија ваучери за бесплатна членарина во библиотека и со тоа имаат можност да се запознаваат со големиот број книги, сликовници, енциклопедии, кои ги нуди библиотеката и да навлезат во прекрасниот свет, кој го открива секое дело. Упатуваме голема благодарност до Локалната библиотека „Гоце Делчев“ – Велес за овој прекрасен гест!