Светскиот ден за заштита на животните, има цел да го нагласи значењето на животинскиот свет за природната рамнотежа и да ги потсети луѓето на нивната одговорност кон животните. Овој ден охрабрува луѓето да преземат конкретни чекори и да ги поттикне да размислуваат за етичкиот однос кон животните и за нивната благосостојба. Светскиот ден на животните 4 ОКТОМВРИ беше одбележан и во нашето училиште. Учениците проследија презентација за Кафеавата мечка, се изработи постер-плакат, се гледаа делови од филмот „Хачико“ инспириран од вискински настан во Јапонија.






