Во текот на денешниот ден се одржа шаховски турнир во просториите на ДСУ РЦСОО „Коле Неделковски“, на кој што учествуваа 60 ученика од основните училишта во Општина Велес, придружувани од нивните наставници ментори. Учениците покрај тоа што ги покажаа своите шаховски вештини и нивната креативност во одиграните потези, уште еднаш потврдија дека шахот е двигател на целите за социјалниот развој, покажувајќи почит еден кон друг, со чест и гордост се справуваа со победите и поразите, меѓусебно добро се дружеа и одлично се забавуваа.