Денешниот квиз натпревар беше интересно соочување меѓу три групи составени од девет ученици. Со прашања од сите наставни предмети, натпреварувачите покажаа извонредна логика, брзина на размислување и широк спектар на знаења. Во секој круг, тие се надминуваа себеси, демонстрирајќи тимска работа и одлична стратегија . Ова натпреварување не беше само тест на знаење, туку и инспирација за секој учесник да продолжи да ја развива својата љубопитност и интелект.