Настанот по повод Светскиот ден на пчелите во нашето училиште беше исполнет со едукативни и интерактивни активности. Учениците присуствуваа на презентација за важноста на пчелите и нивната улога во екосистемот (наставник Андријана Сарагиновска), учествуваа во работилница каде што научија повеќе за процесот на пчеларство. Присуството на нашиот регистриран пчелар (наставник Маринела Пановска – Медена земја АЗОТ), го збогати настанот со практични примери, тајни од кошницата и искуства од нејзината работа. Учениците дегустираа мед и различни производи од мед. Некои од нив и сами ги подготвија. Свој придонес имаа и младите уметници во ликовната работилница под менторство на наставничката Тања Милошева. Овој настан не беше само лекција – беше потсетник дека малите нешта, како пчелите, прават огромен придонес во светот!
