Денес, 26 септември, го славиме Европскиот ден на јазиците. Ова е ден за поддршка и охрабрување на учењето јазици низ Европа. Негова цел е да ја истакне важноста на учењето странски јазици и богатата јазична разновидност. По тој повод учениците проследија презентација за овој ден, а им беа доделени и флаери со интересни факти за јазиците.




