Во рамките на Детската недела, учениците учествуваа во игровни активности, спортски активности, ликовни работилници, дискусии за детските права, каде што преку игра и уметност учеа за својата важност во општеството. Настаните беа организирани со цел да се поттикне самодовербата, другарството и свеста кај децата за нивните права и можности. И секако, им посакавме добредојде на нашите првачиња во Детската организација.
