Денес, нашите ученици имаа задоволство да ја посетат куќата на Кочо Рацин, еден од најзначајните македонски поети и културни дејци. Посетата беше дел од 58. Детски Рацинови средби – манифестација која го слави детското творештво и го негува споменот на Рацин. Учениците се запознаа со животот и делото на поетот и имаа чест да ја почувствуваат културната вредност на неговото наследство, токму во неговиот дом.







