24.5.2022
По повод Денот на училиштето ООУ ,,Св. Кирил и Методиј”- Велес, објави награден конкурс на тема: Моќта на убавиот збор. Со својата литературна творба учествуваше ученичката Ања Димовска од 8 мо одделение и освои второ место, под менторство на наставничката Мирјана Пановска. Со својата ликовна творба ученичката Натали Арсовска од 6 то одделение освои трето место, под менторство на наставничката Тања Милошева Петрушева.
Честитки на ученичките и нивните ментори!!!



