По повод Денот на училиштето, беше реализирана ликовна работилница со ученици од основните училишта. Учениците цртаа и сликаа на платно, при што ја покажаа својата креативност, трудољубивост и љубов кон ликовната уметност. Работилницата се одвиваше во пријатна и инспиративна атмосфера и придонесе кон убаво и достоинствено одбележување на Денот на училиштето. Им благодариме на сите ученици и наставници кои учествуваа и дадоа свој придонес во реализацијата на оваа активност
















