Денес (20.5.2026 г.), учениците од IX одделение присуствуваа на отворениот ден на ССОУ „Димитрија Чуповски“ Велес каде беа запознати со струките: Здравство и социјална заштита, лични услуги, хемија и технологија и нивните профили, како предлог за понатамошно образование.









На отворениот ден (7.5.2026) на државното стручно училиште во градот, ДСУ РЦСОО „Коле Неделковски“, учениците од IX одделение, имаа можност да се запознаат со образовните профили што ги нуди училиштето за нивното идно образование.




Денес (5.5.2026) учениците од IX одделение од нашето училиште, присуствуваа на отворениот ден на СОУ „Гимназија Кочо Рацин“ Велес. Ова беше одлична можност учениците да се запознаат со идните можности за образование!.



