Сеизмолошката опсерваторија при Природно – математичкиот факултет во Скопје, на ден 20.10.2026 година, одржаа едукативни предавања и интерактивни работилници за заштита од земјотреси за целите на проектот „Мапирање на потенцијални геохазарди со посебен акцент на сеизмолошки податоци“. Предавањето и работилницата беа прилагодени на возраста на учениците со практични демонстрации и материјали за визуелна едукација. Главна цел на оваа активност е подигање на свест кај учениците за правилно однесување пред, за време и по земјитресот во случај на оваа природна непогода, но и запознавање со земјотресот со оваа природна појава.




















