22.10.2025 ГРОЗЈЕТО И ЈАС ЕДНО ЕСЕНСКО ПРИЈАТЕЛСТВО
Со особено задоволство ја истакнуваме нашата долгогодишна соработка и пријателство со ООУ „Лирија“ од Бузалково, кои се темелат на взаемна почит, ентузијазам и успешна соработка. Во рамките на нашата последна заедничка активност, учениците уживаа во ликовната работилница (посветена на грозјето), покажаа стратегиско размислување во шахот и се забавуваа со играта домино, кои поттикнаа креативност, тимска работа и дружење. Искрено им благодариме и со нетрпение очекуваме да продолжиме со нови иницијативи и уште побогати заеднички моменти.
Нашeто училиште и ООУ „Лирија“ од Бузалково, повторно се наградени со средства за реализација на активности кои придонесуваат за развој и унапредување на мултикултурализмот и меѓуетничка интеграција и толеранција. ЧЕСТИТКИ за залагањето, иновативноста и креативноста на тимот кој учествуваше во изготвувањето на проектот.

ВО ЗДРАВО ТЕЛО ЗДРАВ ДУХ – МИО (15.5.2024)
Успешната соработка со ООУ „Лирија“ од Бузалково и натаму продолжува. Денес, (15.5.2024) во рамките на Проектот Меѓуетничка интеграција во образованието, бевме домаќини на учениците и наставниците од ова училиште. Учествувајќи во ликовната работилница и спортските активности заедно творевме, спортувавме, се дружевме.
ЧЕСТИТКА ЗА МАМА – 5.3.2024
Реализирани заеднички креативни работилници по повод празникот 8 Март и спортски активности со партнер училиштето „Лирија“ од Бузалково. Творевме, спортувавме, се дружевме!
ВО ЗДРАВО ТЕЛО -ЗДРАВ ДУХ
Успешна реализација на МИО проектот со низа активности и гостувања на двете партнер училишта ООУ,, Стојан Бурчевски Буридан” Иванковци- Велес и ООУ ,,Лирија” с.Бузалково. Соработката и понатаму продолжува, меѓусебно и со почит другаруваме и соработуваме, заедно ги учиме различните култури и традиции.
Во активностите беа вклучени учениците, родителите, тимовите и директорите од двете училишта.
4.3.2022 – МОЈОТ ЦВЕТ Е МОЈАТА МАЈКА
На ден 04. 03. 2022 година во ООУ „Стојан Бурчевски Буридан“ се реализираа низа активности по добиениот МИО грант.
Нашата цел е подобрување и продолжување на меѓуетничката соработка со Основното училиште „Лирија“ од с. Бузалково, која со години резултира со успешност. Активностите се во насока на меѓуетничка комуникација и непосредна интеракција на учениците од различни етнички групи. Заедничките средби се плод за успешна работа, каде големината на секој од нас ја гледаме во љубовта кон секој поединец, затоа што тоа ни го исполнува умот и срцето, а тогаш радосно и достоинствено се чувствуваме.
Преку запознавање со различностите, всушност се зближуваме, дејствуваме и живееме заедно.


































