ООУ Стојан Бурчевски-Буридан од Иванковци е  модуларно училиште изградено после пожарот (15.06.2011 год). Во ова училиште настава посетуваат ученици само од населеното место Иванковци кое работи во две смени. Од Велес е оддалечено 20 км.

Подрачното училиште во с. Сојаклари ги опфаќа учениците од Сојаклари, Мамутчево и Отовица. Од сите населени места до училиштето е организиран превоз за сите ученици. Во него во моментов работи една комбинирана паралелка со 4 одделенија и 4 чисти паралелки од VI до  IX одд. Селото е одалечено 12 км. од Велес и е поврзано со асфалтен пат.

Подрачното училиште во с. Мамутчево  работи во објект изграден во 2001 година и наставата се одвива во современи услови. Во него се образуваат ученици до петто одделение во една комбинирана паралелка само од ова населено место. Подрачното училиште во Мамутчево се наоѓа во непосредна близина на магистралниот пат Велес-Штип и е оддалечено од градот 13 км.

Подрачното училиште во село Отовица ги опфаќа учениците само од тоа населено место. Истото се наоѓа во непосредна близина на езерото Младост и е одалечено од градот 10 км. Основното училиште  во Отовица од 2012 год.работи во ново модуларно училиште со современи услови за работа. Во него се школуваат ученици до петто одделение во две комбинирани паралелки 

Стојан Бурчевски е роден на 29 март во селото Рудник – Велешко. Потекнува од земјоделско семејство. Основно образование завршува во родното место, а потоа заминува во Битола каде завршува земјоделска школа. Уште како ученик се определува за напредното младинско движење, така  што во јануари 1941 год. е примен за член во СКОЈ. Со формирањето на велешкиот партизански одред „Димитар Влахов„ веднаш стапува во неговите редови. Тој како борец  покажува извонредна храброст. Загинува во месноста Речани во 1942 година.

СЛОГАНИ
Со учењето вложуваш во својата иднина.
Размислувај во духот: мој успех – твој успех
МОТО
 Ученикот не мора да биде одличен ученик, но може да стане одличен човек