Во нашето училиште се одржа предавање, на тема: ,,Булинг!? Не во нашето училиште! Избери добрина – не насилство!”, преку кое учениците се запознаа со поимот и видовите врсничко насилство, како и со последиците и траумите од таквото однесување. Предавањето помина во пријатна атмосфера со интеракција, прашања, размена на идеи и глумење или ставање во улога на насилник, жртва и сведок на врсничко насилство. Преку сите тие активности, учениците стекнаа корисни совети, кои ќе придонесат за побезбедна училишна средина. Реализатори: Елена Илиева Недев-педагог и Мирјана Пановска-наставник




