По повод Денот на планетата Земја, учениците активно се вклучија во креативна и едукативна активност посветена на заштитата на животната средина. Тие создадоа слика на девојка од капачиња, слика на пеперутка од различен отпаден материјал, и постер плакат со пораки за значењето на рециклирањето и грижата за нашата планета.




